Уште четири тела беа пронајдени во урнатините на една зграда во Мајами, вкупно девет жртви

Фото: Архива

Спасувачките екипи во Флорида пронајдоа уште четири тела во урнатините на зградата „Кули Шамплејн“. До сега вкупно загинаа девет лица, а 156 лица се сметаат за исчезнати откако зградата во Сурфајд се урна рано утрото во четвртокот.

„Ние правиме максимални напори да ги идентификуваме новите тела што ги најдовме“, рече градоначалникот на округот Мајами, Даниела Левин Кауф на прес-конференција.

Доцна во саботата навечер беа објавени имињата на уште три идентификувани жртви, а во петокот уште една жртва, 54-годишна жена, која живееше во еден од становите.

Неколку блока подалеку од местото на несреќата, верниците се собираат во блиската црква да тагуваат за жртвите и да се молат за исчезнатите, вклучително и единаесетгодишно девојче чиешто семејство исто така се смета за исчезнато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот