Урнатиот украински авион кај Техеран бил погоден со две ракети

Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот.

Анализата од црните кутии на  украинскиот патнички авион „Боинг 737″, што во јануари се урна веднаш по полетувањето од аеродомот во Техеран, покажува дека леталото, во период од само 25 секунди, било погодено од две ракети и дека патниците уште некое време биле живи непосредно по првата експлозија, сооопштија денеска иранските власти.

Соопштението на иранската Организација за цивилно воздухопловство е прв официјален извештај за содржината на црната кутија и податоците од пилотската кабина, што во јули беше испратен на анализи во Франција, пренесоа британските медиуми.

Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот.

„Деветнаесет секунди откако првата ракета го погоди авионот, гласовите на пилотите во кокпитот укажуваат дека патниците се живи … 25 секунди подоцна втората ракета го погодила авионот”, се вели во соопштението.

Иранската револуционерна гарда на 8 јануари со ракета земја-воздух го собори украинскиот авиопревозник, кратко време по полетувањето од Техеран, што иранските власти подоцна го признаа како „катастрофална грешка” на нивните сили, кои беа во состојба на зголемена борбена готовност во судирот со САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот