Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

Фото: Град Скопје

На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран и хортикултурно уреден нов зелен плоштад, информираат од Град Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ според надлежните, го завршиле уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

– Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва. На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата – објаснуваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот