Ураганот „Ли“ ја погоди Америка: Десетици илјади луѓе без струја

Ураган Фото Screenshot Youtube ABC news

Десетици илјади луѓе во регионот на Нова Англија во САД и во источна Канада останаа без струја по ударот на бурата Ли, која донесе обилни врнежи од дожд и ветер кој корнеше дрвја.

Невремето се движи кон североисточниот дел на северноамериканскиот континент, а може да ги погоди канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска.

Во Мејн, државата со најголема површина на шуми во САД, почвата е натопена, а дрвјата се многу ослабени поради невремето, но и поради обилните летни дождови, а како што најавуваат метеоролозите, најсилните удари на невремето допрва треба да се очекуваат.

„Ни претстои долг пат, а веќе гледаме соборени дрвја и прекин на електричната енергија“, изјави метеорологот Тод Фоази, пренесе АП.

Во Масачусетс беше прогласена вонредна состојба и беше испратена федерална помош.

На сила е предупредување за наплив на бура од границата на Њу Хемпшир и Мејн до Нова Шкотска, Канада.

Авионскиот сообраќај е во прекин на најголемиот аеродром во Нова Шкотска, Халифакс Стенфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот