Уништена небезбедна храна од старечки домови, четири фирми добија и казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле 39 вонредни контроли во домови за стари луѓе во земјава. За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за 4 фирми што оперираат со храна во домовите, а само од еден контролиран оператор, уништени се 6 килограми небезбедна храна.

Според Агенцијата, само една фирма не била регистрирана како оператор со храна во АХВ, па ѝ е изречена времена забрана за работа, глоба, но и налог за нејзина регистрација.

„Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а 4 од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица. За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување на задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени“, соопштува АХВ.

Оттаму додаваат дека при спроведените вонредни инспекциски надзори кај истата категорија фирми во ноември 2024 година, 14 не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а уништени биле 40 килограми небезбедна  храна. Издадени биле 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, а парични казни биле изречени на 18 домови за стари луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот