Унгарски „МОЛ” бара одмрзнување на цените на горивата

hajozas.hu

Унгарската влада треба да ги одмрзне цените на горивата бидејќи замрзнувањето „порано или подоцна” ќе доведе до недостиг, предупредува извршниот директор на унгарската компанија за нафта и гас „МОЛ” Золт Хернади.

Унгарија се соочува со „исклучително опасна” ситуација бидејќи ограничувањето на цените на горивото ја зголемува потрошувачката, вели Хернади, нагласувајќи дека прашање на време е колку долго може тоа да се прави.

„МОЛ” веќе ја повика Владата постепено да ги укинува ограничувањата.

За да ги заштити граѓаните од инфлација, Владата во Будимпешта во ноември минатата година ја огр ничи малопродажната цена на бензините и дизелот на 480 форинти или 1,20 долари за литар, а неодамна ја продолжи мерката до октомври годинава.

Подоцна беше донесена мерка повластената цена да важи само за возилата со унгарски регистерски таблички, што предизвика спор со Европската комисија.

Минатиот месец „МОЛ” ја ограничи продажбата на гориво за патнички автомобили на 50 литри дневно, двојно помалку отколку претходно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот