Унгарската телеком-компанија „4иГ“ отвори фирма во Скопје
Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и во Црна Гора, рече директорот на македонското преставништво
Унгарската телеком-компанија „4иГ“ отворила фирма во Скопје под називот „Оне Македонија телекомуникации“.
Препорачано
„Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, „4и груп“ има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, соопштија од компанијата.
Оттаму информира дека со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на „Оне Македонија телекомуникации“ е назначен Тамаш Табори, кој е заменик-извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во унгарската матична компанија на групацијата, „4иГ Нирт“.
– Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и во Црна Гора. Основањето на „Оне Македонија телекомуникации“ е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, рече Табор.
Неодамна министерот за транспорт и врски Александар Николоски посочи дека двата мобилни оператори, а и кабелските доминантни оператори, не ги почитуваат законите.
– Дали ќе има или ќе нема трет мобилен оператор, зависи исклучиво од постојните два оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор нема – рече на отчетот за 100 дена Влада, Николоски.


