Унгарија го поддржува Косово, обврските за визна либерализација се исполнети

Авдула Хоти, го прими новиот амбасадор на Унгарија на Косово, Јозеф Бенце

Премиерот на Република Косово, Авдула Хоти, го прими новиот амбасадор на Унгарија на Косово, Јозеф Бенце. Тие на средбата разговараа за односите меѓу овие две земји.

„Унгарија смета дека Косово ги исполни сите обврски за визна либерализација“, рече амбасадорот Јозеф Бенце, кој го увери премиерот Хоти дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува понатамошната агенда за евроинтеграции на Република Косово.

Во соопштението  од кабинетот на премиерот се вели дека премиерот Хоти изрази благодарност на Владата и граѓаните на Унгарија за постојаната поддршка што Унгарија ја даде и ја дава на Косово.

На оваа средба, новиот унгарски амбасадор ја потврди поддршката што Унгарија ќе ја даде со заем од 62 милиони евра што се очекува да биде ратификуван од Собранието на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот