Унгарец го избрал Татран пред Вардар

Фото: handball-base.com

Вардар продолжува во потрагата по засилувања за наредната сезона во која ќе игра и во квалификациите за Европскиот куп, на мета на црвено-црните бил и 26-годишниот Марк Ковач кој сепак го избрал Татран.

Минатата сезона унгарскиот пивот ја помина во Ордеа од Романија, а сега потпиша двегодишен договор со словачкиот тим. Дека Ковач имал понуда од Вардар потврди генералниот директор на Татран, Мариан Магдошко.

„Марк доби повеќе понуди, го избра Татран, пример пред Вардар од Скопје. Тоа не на прави навистина среќни и сите веруваме дека направивме добар избор, очекуваме да ги исполни нашите очекувања“, изјави генералниот директор на клубот од Словачка.

Покрај Ордеа, Ковач играше за Доброва исто така од оваа земја и Егер и Спорт-36 Комло од Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот