Унгарците бараат поевтини тарифи за транспорт на нафта преку Јанаф

Унгарија во Брисел се обиде да постигне најниска можна цена за транспорт на нафта преку Јадранскиот гасовод (Јанаф), а хрватската страна смета дека треба да се обезбедат еднакви услови за сите учесници на пазарот.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, на состанокот на министрите за енергетика во Брисел, ја охрабри дискусијата за Јанаф, во која рече дека би било добро Јанаф да ги прошири своите капацитети и за европската Комисијата да пропише колкави треба да бидат тарифите за транспорт на нафта, изјави тој по средбата хрватскиот министер за економија и одржлив развој Давор Филиповиќ.

Филиповиќ рече дека Јанаф веќе може да ги задоволи сите потреби на Унгарија и Словачка во однос на капацитетот. Сегашниот капацитет на Јанаф е 11,4 милиони тони нафта, а рафинеријата во Унгарија има капацитет од 8,1 милиони тони, информира Хина.

„Подготвени сме да бидеме партнер, да обезбедиме доволни количества нафта и за Унгарија и за Словачка, со тоа што мора да го почитуваме она што го нагласува Европската комисија, а тоа се еднакви услови за сите на пазарот за да се обезбеди фер конкуренција. “ изјави Филиповиќ.

Во рамките на шестиот пакет санкции против Русија, во кој беше договорена забраната за увоз на руска нафта во ЕУ по морски пат, Унгарија успеа да добие изземање. Тоа значи дека на Унгарија ќе и биде дозволено да продолжи да увезува руска нафта преку Јанаф во случај да бидат прекинати испораките преку гасоводот Дружба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот