УНЕСКО: Српските споменици на Косово остануваат со статус светско културно наследство во опасност

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Една од темите на Комитетот за светско наследство кој одржа онлајн состанок за „Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство“ чиј домаќин беше кинескиот град Фуџу, беше „Утврдување на листата на светското наследство и листата на светско наследство во опасност“ при што беше и ажурирана Листата на светско наследство во опасност.

Според донесените одлуки, српските средновековни споменици на Косово ќе останат на листата на УНЕСКО на светско наследство во опасност, пренесува Косово онлајн.

Српските средновековни споменици на Косово кои се наоѓаат на листа на УНЕСКО на светско наследство во опасност се манастирот Високи Дечани од 2004 година, како и Пеќката Патријаршија, манастирот Грачанициа и црквата Света Богородица Љевишка во Призрен од 2006 година.

Четирите културни добра во документите на УНЕСКО не се водат како византиско, ниту како српско православно наследство, туку како „Средновековни споменици на Косово“.

Косовските власти се обидуваат тие споменици да му ги припишат на Косово, не само во територијална смисла, туку и како споменично наследство на Косово, како дел од „косовскиот културен идентитет“.

Од друга страна, Србија во УНЕСКО се залага за спречување на се почестите прекројувања на историјата и преземањето на културното наследство мотивирано од политички причини и тежненија.

На Косово се наоѓаат вкупно 458 недвижни културни добра од посебна важност за Србија, од кои само 61 се добра од исклучително значење. На Косово се наоѓаат 1.300 цркви и манастири, кои го чинат културното наследство на српскиот народ од прв ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот