Илустрација / Фото: pexels / Laura Porter

Уловена златна рипка тешка 28 килограми: Ја викаат „Морков“, а сите се прашуваат колку желби исполнува

Златните рипки се популарни домашни миленици, но одамна можат да се најдат и во природата. Така, Британецот Ли Паркер неодамна фати една златна рипка тешка дури 28 килограми во езерото Влувотер, Франција, пишува „Дејли мејл“.

Тој е еден од најголемите примероци од ваков вид во светот, а има дури и прекар – „Морков“. Оваа златна рипка била внесена во езерото пред 20 години, а многу риболовци се обиделе да ја фатат. Само неколку успеаја досега.

Британецот признава дека му биле потребни 25 минути за да го извлече портокаловото „чудовиште“ на брегот и дека за малку ќе завршел во водата.

„Со сета сила го држев стапот и ги вкопав петите во калливиот брег. По тешка борба ја ставив рибата во мрежата и ја извлеков“, додал тој.

Рибата е измерена, направени се неколку фотографии за спомен, а потоа е вратена во водата. Тоа е хибриден вид на златна риба вкрстена со јапонски крап, што рибарите ретко го гледаат.

„Во изминатите 20 години таа само расте, но е во одлично здравје“, изјавил менаџерот за рибарство Џејсон Каулер.

Фотографиите од Британецот и неговиот улов станаа вирални на мрежите, а корисниците беа шокирани од големината на златната рипка.

„Колку желби исполнува?“; „Помеѓу три и 300“, беа некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот