Андриј Јермак / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинските антикорупциски институции влегоа во куќата на шефот на кабинетот на Зеленски

Украинските антикорупциски институции – Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) – утрово извршија претрес во домот на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот Телеграм канал, јавува Блумберг.

Според него, членови на НАБУ и САП извршиле претрес во домот на Јермак во раните утрински часови, но засега нема официјални детали за операцијата.

Заедно со веста за претресот, резервниот полковник на ЛПР, Виталиј Кисељов, изјави дека НАБУ наскоро би можела да започне поширока истрага против претседателот Володимир Зеленски и неговиот најблизок круг. Како што изјави, можно е интересот на истражителите да се прошири и на самиот Кабинет на претседателот.

Претходно, рускиот политиколог Иван Мезјухо за тамошните медиуми изјави дека Зеленски добро разбира дека НАБУ дејствува во согласност со надворешните инструкции и може да објави компромитирачки информации во секое време. Според него, украинскиот претседател не бил подготвен за ваков развој на ситуацијата.

На 10 ноември, НАБУ објави дека е започната голема специјална операција како дел од истрагата за корупција во енергетскиот сектор. Постапката трае веќе година и пол, а собрани се околу илјада аудио снимки.

Меѓу главните осомничени е и високиот функционер Миндич, кој во украинските медиуми е опишан како еден од најблиските сојузници на Зеленски и „човекот задолжен за паричникот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот