Украинската морнарица: Русија изгуби авион „Су-30СМ“ во Црното Море
Украинската морнарица денес објави дека руски авион „Су-30СМ“ извршувал мисија југоисточно од Змискиот остров во Црното Море и дека веројатно се урнал во таа прилика, јавија украинските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Извидничките средства на морнарицата на вооружените сили на Украина добиле радио пресретнат сигнал за губење на контакт со авионот Су-30СМ на руските окупатори, кој извршувал мисија југоисточно од Змискиот остров. Авионот веројатно се урнал од непознати причини“, соопшти украинската морнарица во соопштение објавено на каналот Телеграм, според УНИАН.
Според морнарицата, руските сили во моментов спроведуваат операции за пребарување и спасување. Делови од авионот се пронајдени на површината на морето, додека пилотот сè уште не е пронајден.
Ноќта на 26 јули, двоседен борбен авион „Су-27УБ“ беше уништен во Русија на аеродромот Армавир, кој главно се користи за обука на кадети на Краснодарското воздухопловно училиште, потсетува агенцијата. Русија, исто така, изгуби борбен авион „Су-34“ во рускиот регион Нижни Новгород, кога двајцата пилоти се катапултираа. Според извештаите, авионот имал дефект на системот за катапултирање на опремата за слетување.


