Украинска партизанска група тврди дека го убила заменик-шефот на проруската воена администрација во Нова Каховка

Фото Архива на СП

Украинската партизанска група Атеш тврди дека го убила заменик-шефот на проруската воена администрација на окупираниот град Нова Каховка во јужниот регион Херсон.

Во објава на нивниот канал Телеграм, партизаните тврдат синоќа кусо време по полноќ активирале бомба и го убиле службеникот додека се приближувал кон неговиот автомобил на авенијата „Победа“.

Во нападот нема повредени цивили, соопшти партизанската група. Овие тврдења не се независно потврдени.

Атеш е група партизани и диверзанти кои спроведуваат акции во окупираните делови на Украина. Во нејзината работа учествуваат Украинци, кримски Татари и Руси, а дејствува од септември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот