Украинец на човекот кој му ја силувал жената му се осветил на БРУТАЛЕН НАЧИН

Фото: илустрација

Маж од Украина му го отсекол пенисот на човекот кој му ја силувал жената недалеку од нивниот дом во Украина. Сето ова се случило минатиот викенд.

27-годишниот сопруг се враќал во куќата во селото Шеченково кога го видел мажот како му ја силува жената, пишува Daily Mail. Жената била во ресторан со пријателките. Го напуштила околу еден час наутро, а била нападната недалеку од домот. Ја нападнал 25-годишниот Димитри Иченко. Полицијата кажала дека 25-годиниот маж и ја прекрил устата за да не може да вреска и ја одвлекол во најблиската грмушка.

Но, сопругот на жртвата стигнал по десетина минути. Слушнал некаква бука од грмушката. Се приближил и видел како Иченко ја силува неговата сопруга. Најпрвин го удрил во главата, а потоа извадил нож и му го отсекол пенисот. Врескањето на силувачот ги разбудило околните станари.

Адвокатот на мажот кој на силувачот му го исекол пенисот изјавил дека неговиот клиент ја изгубил контролата.

„Сопругот не можел да ги контролира своите реакции. Не бил свесен што прави“, изјави адвокатот на сопругот на кој сега му се заканува казна затвор.

Тој би можел да биде подолго во затвор од силувачот.

Откако на силувачот му го отсекол пенисот, мажот во состојба на шок шетал неколку километри.
„Не знам што ми се случи“, изјавил тој пред медиумите.

Силувачот бил итно опериран, а по болничкиот третман го очекува затвор. Тој се оправдувал дека една недела претходно го напуштила девојката и дека тој ден испил еден литар водка.

Но, во затвор би можел да биде спроведен и човекот кој ја одбранил својата жена од силувачот. Доколку го прогласат за виновен, му следуваат осум години затвор. Силувачот може да добие пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот