Украина бара глобална забрана на руската РТ по контроверзната изјава на нејзиниот водител

Фото: РТ / Твитер / принтскрин

Украина ја означи руската државна телевизија РТ како поттикнувач на геноцид, откако нејзин водител рече дека украинските деца „кои ги гледале Русите како окупатори под Советскиот Сојуз требало да бидат удавени“, пренесува Ројтерс.

За неколку часа, Маргарита Симонјан, главниот уредник на каналот, рече дека го суспендирала водителот, Антон Красовски, поради неговите „одвратни“ коментари, додавајќи дека никој во РТ не ги споделува неговите ставови.

Во неговата емисија емитувана минатата недела, Красовски рече дека децата кои ја критикувале Русија требало да бидат „фрлени директно во река со силна струја“.

Красовски е провоен коментатор на руската телевизија, која е санкционирана од Европската унија.

Тој одговараше на изјавата на рускиот автор на научна фантастика Сергеј Лукјаненко за тоа како, кога првпат ја посети Украина во 1980-тите, децата му рекоа дека ќе живеат подобар живот доколку Москва не ја окупира нивната земја.

ВИДЕО | „Украинските деца треба да се удават во река“: Ужасна изјава на руски пропагандист

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот