ВИДЕО | „Украинските деца треба да се удават во река“: Ужасна изјава на руски пропагандист

Фото: РТ / Твитер / принтскрин

Американската новинарка Џулија Дејвис на Твитер објави шокантен извадок од емисија на руската телевизија РТ, која се финансира со државни пари.

Видеото покажува застрашувачки разговор помеѓу Антон Красовски, директор на RT, и писателот на научна фантастика Сергеј Лукјаненко, кој зборуваше за неговата посета на Украина кога бил дете.

„Првпат ја посетив Украина во 1980 година како дете. Украинските деца тогаш ми кажаа дека земјата е под окупација на Москва. И ако нема окупација, тие ќе живеат како Франција и дека страдаат под окупација. Тоа не беа мали Украинци кои зборуваа украински, тоа беа деца со руски презимиња кои зборуваа руски“, рече Лукјаненко.

Потоа следеше грозоморниот одговор на директорот на РТ.

„Треба да се удават во реката Тсина, каде што пливаат пајчиња. Само удавете ги тие деца, удавете ги. Тоа треба да се фрли во реката“, изјави тој, додека неговиот гостин, писателот Лукјајенко рече: „Тоа е екстремизам, ние не го поддржуваме тоа“.

Претходно за време на интервјуто, пропагандистот исто така рече дека „украинските баби би ги дале своите заштеди за погреб доколку бидат силувани од руски војници“.

Красовски е познат руски активист за правата на ЛГБТ-заедницата и тој беше првиот кандидат за член на московскиот градски совет, кој отворено признал дека е хомосексуалец. Од 2019 година е програмски директор на РТ. Пред две недели, по руските ракетни напади на украински градови, во кои загинаа 14 луѓе, тој на социјалните мрежи објави видео на кое среќен танцува на балконот од неговиот стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот