Украден дијамант вреден 25 милиони долари- крадците фатени благодарение на вештачка интелигенција
Полицијата во Дубаи уапси тројца крадци само осум часа откако украдоа редок розов дијамант вреден дури 25 милиони долари. Оваа брза акција беше овозможена со напредна употреба на вештачка интелигенција и специјализирани теренски тимови- објави Бизпортал.
Препорачано
Според командата на полицијата во Дубаи, скапоцениот камен го донел трговец со дијаманти од Европа, но набрзо станал цел на добро организирана криминална група. Крадците го намамиле во вилата, под изговор дека треба дијамантот да му ја покажат на потенцијален богат купувач. Кога трговецот пристигнал на дестинацијата, дијамантот бил украден.
Сепак, криминалците не уживале долго во својот плен. Благодарение на напредните технологии за надзор, анализата на снимките од безбедносните камери и алгоритмите за вештачка интелигенција, полицијата успеа да лоцира и уапси тројца осомничени, државјани на азиска земја, во рок од само осум часа.
Дубаи, еден од светските центри за трговија со дијаманти, е познат по својата строга контрола и високо ниво на безбедност. Овој случај покажува дека во ерата на дигиталната безбедност, вештачката интелигенција станува клучен сојузник во борбата против организираниот криминал, драматично намалувајќи го времето на одговор на полицијата и зголемувајќи ги безбедносните стандарди на глобално ниво.


