Укината забраната за камиони на патот Гостивар – Стража

Од 20 часот и 20 минути укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража, неполн час откако беше воведена вечерва на овој планински превој во двете насоки. Од 19 часот и 40 минути е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Шипковица-Попова Шапка што беше воведена утрово од 9 часот и 20 минути поради врнежи од снег, соопшти АМСМ.

ЈП Македонија пат информира дека врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот