УЈП потсетува: се ближи крајниот рок за доставување докази за плата од странство
Сите граѓани што во 2025 година добиле плата или друг вид приход од странство се обврзани до 31 март 2026 година да поднесат електронска пресметка и доставување на релевантни докази за реализираните приходи. Пресметката треба да ја поднесат преку системот е-Даночни услуги.
Препорачано
Оваа обврска важи без оглед на тоа дали данокот е веќе платен во странската држава.
Над 9.000 граѓани треба да платат данок за приходи од странство, УЈП извади тефтер од 2020 година
Заедно со пресметката, задолжително треба да се достават и потврди – известување од исплатувачот, банкарски извод, договор за извршени услуги, платежни листи или друга релевантна документација што го потврдува износот, видот и периодот на остварениот приход, како и евентуално платен данок во странство.
Во рамките на редовната меѓународна соработка и размена на даночни информации, УЈП информира дека се испратени 203 барања до странски даночни администрации за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година работеле во Авганистан и Ирак преку американски компании. Овие дејства, како што се наведува, се дел од механизмите за гарантирање на точноста и отвореноста во даночниот систем.
Дирекцијата апелира навременото исполнување на сите обврски за правилно утврдување на даночната обврска и избегнување на дополнителни процедури и казни.
На 12 февруари, кумановците кои работеа во американските бази во Ирак и Авганистан повторно организираа протестен марш од Управата за јавни приходи (УЈП) до Општина Куманово, незадоволни од динамиката на решавање на нивниот проблем за ретроактивно оданочување на приходите што ги оствариле во странство.


