УЈП - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

УЈП: Генерирани се над 860 илјади даночни пријави – граѓаните треба да ги проверат

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за 2025 година се генерирани вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во законскиот рок заклучно со 30 април 2026 година. Како што стои во соопштението на УЈП, сите граѓани ќе добијат известување преку профилот на „МојДДВ“ или на електронската пошта регистрирана во системот.

Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

„Во оваа насока, ги повикуваме сите граѓани, најдоцна до 31.05.2026 година, да направат увид во ДЛД-ГДП на нивните кориснички профили на системот ‘е-Даночни услуги’. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот ‘е-Даночни услуги’, во најкраток можен рок да се регистрираат на системот“, се додава во соопштението на УЈП.

По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни.

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот