УХМР: Дневната темература утре ќе се намали за околу десет степени, во западните делови облачно со локален дожд

облачно време, временска прогноза
Облачно време / Фото: Слободен печат, Архива

За околу десет степени утре ќе се намали дневната температура. Од УХМР информираат дека ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Во западните делови се очекува променливо облачно време со локален дожд, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час.

Потоа, времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

За денеска и утре остануваат да важат владините мерки и препораки за намалување на ризиците од високите температури.

Согласно усвоеното, Владата препорачува: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;

Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област – информираа вчера од прес-службата на Владата по завршување на седницата.

Во текот на денешниот ден времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Максималната температура ќе достигне до 42 степени Целсиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот