Угур Сахин: Европа до јули ќе постигне колективен имунитет

Колективниот имунитет во Европа ќе се постигне до јули или најдоцна до август, кога околу 60 проценти од Европејците ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, тврди научникот и еден од основачите на германската компанија „БиоНТек”, Угур Сахин.

Сахин тврди дека ќе биде потребно да се прими третата доза на вакцина, бидејќи по најмногу девет или 12 месеци, антителата во организмот на вакцинираните лица се намалуваат.

Во иднина, ревакцинацијата против ковид-19 ќе треба да се повтори по една и пол година, а за ефектот на анти-ковид вакцината врз новите мутации на коронавирус кои се појавуваат, како што е моментално во Индија, Сахин вели дека лекот делува на сите познати варијанти.

– Го испитавме влијанието на вакцината врз 30 мутации на вирусот и откривме дека лекот делува, односно делува заштитно од сите досега познати мутации, истакна Сахин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот