Угостителите бесни зашто сертификатите се укинуваат само за моловите: Балонот ќе пукне

скопје луѓе ресторани кафичи угосители кафани
Кафуле во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сертификатите и понатаму важат за влез, прометот е преполовен, цените на суровините се зголемени, струјата е неколкукратно поскапена, трошоците за вработени се зголемени, а помошта од државата и бескаматните кредити стигна време да се враќаат

Небулозен е предлогот на Комисијата за заразни болести и понатаму да важи сертификатот за вакцинација при влезот во угостителските објекти, оценува Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора (НУК). Тој вели дека оваа мерка веќе нема оправдување, за народот е дискриминирачка затоа што прави поделби, а за угостителите е погубна, особено ако се земе предвид дека тие се надеваа дека малку ќе живнат во претстојниот период, поради 8 Март, матурските и свадбите кои вообичаено имаат поголем интензитет напролет.

– Се укинаа сертификатите за во моловите, а останаа за во кафеаните. Тоа е несфатливо. Кога се воведоа сертификатите јавно беше кажано дека тоа се прави и како еден вид на притисок за поголема вакцинација. Првите недели имаше ефект, се зголеми процентот на вакцинарите, но потоа таа мерка престана да дава резултати. Сега за што се бара влез само на вакцинираните? Од друга страна се покаѓа и дека вакцинацијата не е гаранција за тоа дека нема да се пренесе вирусот. Потоа, очигледно е дека пандемијата спласнува и дека голем дел од населението стекнало имунитет. Тоа го кажуваат и надлежните – вели Јосифовски.

Тој објаснува дека угостителите веќе не можат да го издржат притисокот и ако не наидат на разбирање од Владата за многу проблеми што им се наталожија, во оваа дејност ќе има се повеќе затворање на објекти, при што потенцира дека за нив се земени  кредити.

– Банкарската асоцијација ги пофали угостителите дека најагилно враќале кредити. Но, до кога ќе можат? Веќе 2 години како се прогласи пандемијата и ние две години работиме во вонредни услови и со локдауни. Дури 7 месеци потребен е вакцинален сертификат за влез во објектите. Од друга страна, сегашните факти  се: прометото е преполовен, цените на суровините се зголемени, струјата е неколкукратно поскапена, трошоците за вработени се зголемени, а и нема работници. Кредитите и од линијата Ковид 1 и од линијата Ковид 2 стигнаа за наплата. Стигнаа за враќање и парите за субвенционирање на платите. Угостителството стана како балон кој се дуе со проблеми. Балонот се повеќе се дуе, секој ден. Ако не наидеме на разбирање од Владата, тој балон ќе пукне, нема да може да издржи. А тоа значи дека многу од угостителите ќе стават клуч на врата – вели Јосифовски.

Јосифивски вели дека во рестораните се огледува и намалената куповна моќ на населението.

– Ние најдобро знаеме колку се трошеше порано во рестораните, а колку сега. Има објекти во кои се вложени стотици илјади евра.Тие пари не можат да се извадата ако гостите пијат по едно пиво и сок, а тоа станува реалност. Згора пак, ги имаме сите ограничувања! – вели Јосифовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот