Недим Рама / Фото: Општина Чаир

Угостител од Чаир за малку не стана министер за животна средина, ама затоа ќе ја води државната компанија за гас

Недим Рама, угостител од Чаир, е назначен за нов извршен директор на државната компанија „Номагас“, која оперира со преносот на природен гас и ги гради гасоводите во земјава.

Рама, за кого неодамна се пишуваше дека може да стане министер за животна средина, доаѓа на местото на досегашниот прв човек на „Номагас“, Мухамет Елмази, кој на локалните избори стана градоначалник на Општина Сарај.

Како што пишува „Фактор“, новиот директор Рама е ортак со заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, се која се сопственици на ресторанот и кафе-бар во Скопје-Север, кој е меѓу најпопуларните угостителски објекти во Општина Бутел. Заедно со Зеколи Шаќири се сопственици на фирмата „Неар 2015“ која како подружница го поседува „1Sh Lounge Bar“ во Скопје-Север.

На профилот на Рама на социјалната мрежа „Линкдин“ пишува дека тој исто така е ко-основач на ИТ-компанијата Host.mk.

Тој од август 2024 фигурираше како посебен советник за економски прашања и шеф на кабинетот на досегашниот министер за животна средина и вицепремиер Изет Меџити, кој на изборите минатиот месец стана градоначалник на Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот