УЕФА: Русија нема да биде во жрепката за квалификациите за ЕП 2024

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Извршниот комитет на УЕФА денеска се состана во Хвар, Хрватска и ја одобри процедурата за претстојната жрепка за квалификациите за Европското првенство во 2024 што ќе се одржи на 9 октомври годинава напладне во Франкфурт.

Германија, како домаќин организатор автоматски се квалификува за континенталниот собир и затоа не учествува во квалификациската жрепка.

Сите руски тимови во моментов се суспендирани по одлуката на Извршниот комитет на УЕФА од 28 февруари 2022 година, која дополнително беше потврдена од Судот за спортска арбитража на 15 јули 2022 година. Затоа Русија нема да биде вклучена во жрепката за квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Во квалификациската жрепка учествуваат 53 национални асоцијации кои ќе ги распределат националните репрезентации во 10 групи, седум групи од по пет репрезентации и три групи од шест репрезентации.

Десетте победници од групите и десетте второпласирани селекции ќе се најдат на Европското првенство. Преостанатите три места ќе се дознаат преку плеј-офот што ќе се игра во март 2024 година. 53-те тимови-учеснички се распоредени според севкупното рангирање на УЕФА Лигата на нации за 2022/23 година и поделени во седум шешири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот