УЕФА одлучи: Три репрезентации преку Лигата на нации ќе обезбедат пласман на Евро 2024

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе конечна одлука, на следното Европско првенство што ќе се игра во 2024 година, три селекции ќе обезбедат пласман преку Лигата на нации.

На Евро 2024 ќе учествуваат 24 селекции, а единствен сигурен учесник е домаќинот Германија, додека 20 репрезентации ќе обезбедат пласман преку квалификациите, а три преку Лигата на нации.

– За Евро 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во дивизиите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната дивизија. Доколку во дивизијата нема доволно селекции што не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет дивизија, заклучно и со дивизијата Д – стои во соопштението на УЕФА.

Токму преку настапите во Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија го обезбеди историскиот пласман на Евро 2020. Македонија пред две години како најдобра селекција од дивизијата Д се пласира на ЕП.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот