Фото: KF Shkendija

УЕФА ја казни Шкендија за натпреварот против Шелбурн

Eкипата на Шкендија е санкционирана од УЕФА со парична казна во висина од 20.000 евра, а дополнително доби и условна мерка, делумно затворање на трибините на еден натпревар, која ќе стапи на сила доколку клубот во следните две години направи сличен прекршок.

Од редовите на македонскиот шампион порачаа дека ја прифаќаат одлуката и дека остануваат посветени на почитување на сите прописи.

„Клубот ќе продолжи да соработува со навивачите и институциите за да обезбеди безбедна и позитивна атмосфера на секој натпревар, како на домашен терен така и на меѓународната сцена, и затоа бараме и од навивачите да бидат коректни и да ги почитуваат правилата и прописите на натпреварувањата“, велат од Шкендија.

По првите две кола во Конференциската лига, Шкендија има пораз на гостувањето кај Рајо Ваљекано и победа на домашен терен против Шелбурн Во следното коло, на 6 ноември, тетовци ќе ја пречекаат полската Јагелонија.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот