Училиштата и градинките во Куманово добија прочистувачи за воздух

Фото: МИА

Средните училишта во Куманово и осумтте објекти од градинката „Ангел Шајче” добија прочистувачи на воздух. Гиманзијата „Гоце Делчев”, средните училишта „Перо Наков” и „Наце Буѓони” денеска ги добија прочистувачите. Општина Куманово аплицираше преку геnералниот секретаријат на Владата и за кумановските училишта и градинките се доделени 27 прочистувачи за воздух.

Директорката на кумановската гимназија, Марија Тодоровска изјави дека шестте прочистувачи кои ги доби гиманзијата ќе бидат распределени по ходниците на училиштето, каде има и најголема фрекфенција на ученици.

– Прочистувачите пристигаат навреме и одоговараат на вкупната површина на училиштето. Со овие прочистувачи значително ќе се подобрат условите, апел до родителите да не се грижат за здравјето на учениците – изјави Тодоровска.

Во гимназијата настава годинава следат 974 ученици во две смени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот