Учениците и натаму на стенд-бај: Утре продолжуваат преговорите помеѓу МОН и Комисијата за заразни болести

Коронакризата и натаму трае, а покрај тоа што бројот на новозаразени во земјава се уште е висок, еден од најсериозните проблеми и предизвици со кои се соочуваме во моментот е организацијата на образовниот процес.

Минатата учебна година токму поради пандемијата со Ковид-19 заврши онлајн, а иако денеска беше одржан состанок помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование, одлука за тоа дали учениците ќе се вратат во училишните клупи од септември и натаму нема.

Епидемиологот Александар Стојанов за МИА истакна дека разговорите ќе продолжат и утре, кога се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од септември.

– Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука –  вели доктор Стојанов.

Од друга страна, министерот за образование, Арбер Адеми, кој денеска излезе од изолација, уште од претходно најави дека се подготвуваат протоколи, односно дека би било најдобро учениците да се вратат на училиште, но и дека за тоа е потребно да се направи детална епидемилиошка проценка пред да се каже последниот збор.

Прочитајте и...  Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични

– Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред нас. Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија – порача Адеми во петокот.

И додека и по денешниот состанок се уште сите опции останаа на маса, од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК, преку кратко соопштение на Фејсбук изразија надеж дека при носењето на одлуката во фокус ќе се стави здравјето на децата.

Прочитајте и...  „Вашингтон пост" со поддршка за Бајден на претседателските избори

„Се надеваме дека Комисијата за заразни болести и МОН ќе донесат рационална одлука за почетокот на новата учебна година. Убедени сме дека како приоритет ќе им биде здравјето на учениците и вработените во училиштата, пред моделот на изведување на наставата“, стои во статусот на СОНК.

Што мислат родителите?

Во оваа ситуација најзагрижени во моментов се родителите, кај кои е видлива поделбата на оваа тема. Дел од оние кои се за настава во училница како аргумент ги посочуваат сите слабости на онлајн наставата во последните три месеци од претходната учебна година. Оваа група на родители верува дека не постои добро изработена платформа за е-учење, па сметаат дека токму тие повторно ќе мора да работат повеќе со децата од тоа што треба за учениците да можат да се стекнат со соодветно знаење.

Другата половина родители, оние кои сметаат дека е најсоодветна онлајн-наставата, како приоритет ја посочуват здравствената безбедност на децата. Овие родители веруваат дека без разлика на тоа што онлајн наставата не е идеално решение, сепак големиот број на заразени со Ковид-19 во земјава е доволен показател дека децата не треба да се вратат на училиште.

Прочитајте и...  Не можам да те посетам, но можам да те видам и да те слушнам

Комбинираната настава едно од можните решенија

Од Министерството за образование и наука засега не дадоа многу конкретни одговори за почетокот на новата учебна година, меѓутоа, комбинираната настава уште од претходно беше посочена како едно од можните сценарија.

Сепак, токму на состанокот кој ќе продолжи утре треба да се донесат точни протоколи, поточно да се даде детален план за тоа како таа настава ќе изгледа и колку дена во неделата децата би требало да ода на училиште, доколку се одобри моделот за комбинирана настава.

Воведувањето на смени и редуцирањето на бројот на учениците во класовите исто така се дел од можните опции, но, барем засега, нема никаков официјален договор помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и претставници од МОН.

Комбинирана настава спас за учениците од септември?

Прочитај повеќе

СЗО: Поради коронавирусот можна катастрофа во Африка

Слободен печат

АНАЛИЗА: Кој би победил во војната меѓу Азербејџан и Ерменија?

Сеад Ризвановиќ

ВО ЖИВО: Пресуда за случајот „Насилство во Центар“

Слободен печат

Албанија има загуби во поморскиот и железничкиот сообраќај

Слободен печат

Лешница во Македонија или Албанија? Авторот на фотографијата го има одговорот (ФОТО)

Алек Стојковски

Ќе можат ли без Фејсбук: Филипинскиот претседател им се закани дека ќе им го забрани

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Битиќи: Ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот на неделата, ќе се скрати што не може да се реализира

Слободен печат

И Меркел повика на итен прекин на оружениот судир во Нагорно Карабах

Слободен печат

ОЈО ги отфрли кривичните пријави за работењето на ТЕ-ТО

Слободен печат

Московските ученици на продолжен распуст поради коронавирусот

Слободен печат

Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија

Лука Андреев

Не можам да те посетам, но можам да те видам и да те слушнам