Учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска продолжуваат со настава, родителите бараат крај на учебната година

Учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде на 3 мај се случи масовно пукање во кое беа убиени девет деца и чуварот, денеска се враќаат на редовната настава, со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена, јавија белградските медиуми.

Во училиштето вчера се одржа состанок на родителската група од VII-2, одделението каде се случи трагедијата на 3 мај, со повеќе министри и претставник од кабинетот на премиерката на Србија. Тие дојдоа во училиштето со одговори на барањата на родителите, но соопштението беше одложено за следната средба. Родителите го повторија барањето наставата да биде прекината и учебната година да се прогласи дека е завршена на 3 мај.

Никој од владините претставници по средбата не даде изјава за медиумите во Србија.

Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.

Родителите кои ја поддржуваат оваа иницијатива сметаат дека планот за продолжување на образованието кој се спроведува од 10 мај штетно за развојот на голем број ученици, и дека единствено решение е итен прекин на наставата и завршување на работната учебна година. За таквиот став родителите добија поддршка од еминентни стручњаци од областа на невропсихијатрија и психотерапија.

„Учебната година заврши трагично на 3 мај. Секој ден потоа не е продолжение на учебната година туку вештачко преправање дека ништо не се случило. Но, тоа се случи. Наши деца беа убиени во училиштето“, се наведува на крајот од соопштението на групата родители на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот