Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче ќе добијат кошаркарско игралиште
Општина Аеродром започна со изградба на кошаркарско игралиште во основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Новото игралиште, чија изградба се очекува да заврши пред почетокот на новата учебна година, како што велат од Општината, претставува современ простор што ќе им овозможи на учениците и на љубителите на спортот да ги развиваат своите спортски вештини, особено во кошарката, но и да учествуваат во различни спортски активности што промовираат здрав начин на живот, тимска работа и личен развој.
Препорачано
Покрај изградбата на нов спортски терен, во училиштето се вршат и инвестициски активности поврзани со реновирање на училишната зграда, како и опремување на училниците со нов канцелариски мебел со цел да се подобрат условите за настава. Овие мерки се дел од стратегијата за создавање современа и функционална образовна средина, каде што наставниците и учениците ќе имаат соодветни и современи услови за квалитетна работа и учење, велат од Ањеодром.
Оттаму додаваат дека вложувањето во образованието и спортот е најдобрата инвестиција во иднината, па затоа ќе продолжат да ги поддржуваат младите генерации преку обезбедување услови за целосен развој и остварување на нивниот потенцијал, како во училницата, така и на спортскиот терен.


