Фото: МВР / илустрација

Убиство во Охрид – жртвата е пензионер, осомничениот убиец е уапсен на другиот крај од земјата

Телото на убиениот човек е пронајдено околу 8 часот утринава во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во охридски Варош.

76-годишен жител на Охрид денеска е пронајден мртов во својот дом во стариот дел на градот, а полицијата уапси осомничен за убиството 130 километри далеку, во тетовското село Брвеница.

„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.

Телото на убиениот човек е пронајдено околу 8 часот утринава во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во охридски Варош.

„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираше полицијата.

Против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР, без да соопштат дополнителни детали за мотивот за убиството и за околностите под кои тоа се случило.

Насилник со џип „БМВ“ намерно газел човек на тротинет во Аеродром, излегол и да го тепа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот