Убиен српскиот ММА борец Стефан Савиќ, освојувач на бронза од Светско првенство

фото: instagram.com/mmasavezsrbije

Српскиот ММА борец Стефан Савиќ (23) починал утринава од убодни рани синоќа во 0:55 часот во центарот на Белград, потврди „Спорт Клуб“.

– Двајца мажи се повредени од убодни рани синоќа во Белград, од кои едниот починал во Ургентниот центар – соопшти утринава Н1.

Подоцна во текот на денот се појавија неофицијални информации дека се работи за српскиот ММА борец Стефан Савиќ (23). Вистината на тие наводи околу пладне ја потврди ММА федерацијата на Србија.

– Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот млад репрезентативец Стефан Савиќ трагично почина во раните утрински часови – објавија од федерацијата.

Савиќ, српски репрезентативец и освојувач на бронзен медал на Светското првенство во ММА.

Најголемиот успех во кариерата го направи на крајот на 2023 година. Тогаш српскиот претставник ја освои бронзата на Светското првенство во аматерска ММА што се одржа во Тирана, Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот