Фото US Department of State
Фото US Department of State

Убиен е Ел Менчо, најбараниот човек во Мексико

Најбараниот човек во Мексико и водач на страшниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG) е убиен за време на безбедносна операција за негово апсење, објави Би-Би-Си повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана на земјата.

Немесио Осегуера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, почина додека бил транспортиран во главниот град Мексико Сити, откако бил сериозно повреден во судирите меѓу неговите поддржувачи и војската, се вели во соопштението на министерството.

Четири членови на картелот беа убиени, а уште двајца беа сериозно повредени во операцијата во градот Тапалпа, во централно-западната држава Халиско. Тројца припадници на војската беа исто така повредени.

„Нова генерација Халиско“ се прошири од својата првобитна база на моќ во Халиско и има речиси национално присуство низ цела Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот