Убедлив триумф на кошаркарките на Бадел во ВАБА лигата

Убедлив триумф на кошаркарките на Бадел 1862/ фото: КФСМ

Кошаркарките на Бадел 1862 со убедливи 69:44 го совладаа Триглав во женската регионална ВАБА лига.
„Баделки“  го изненадија фаворизираниот противник со одлична игра во одбраната, а во нападот со присебна игра го полнеа кошот на противникот.

Поточно, по десет минути игра, веројатно и најдобрите откако учествуваат во Јадранската лига, кошаркарките на Бадел 1862 имаа предност од убедливи 26:10, но во втората четвртина беа подобри гостинските кошаркарки и успеаја на одмор да заминат со едноцифрена негатива 36:29).

Одличната игра во третата четвртина на избраничките на Стамески беше пресудна за триуфот, им дозволија на противничките кошаркарки да постигнат само четири поени (18:4)
Максимовска  и Трајчевска со 15 поени беа најпрецизни кај Бадел 1862, а се истакнаа и Кметовска со 13 и Стојановска  со 12 постигнати поени.

Следниот предизвик за кошаркарките на Бадел ќе биде натпреварот против Будуќност Бемакс кој ќе се игра на 3 февруари во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот