Убавината им е на прво место: Мажите од ова племе се шминкаат по три часа за да ги заведат жените (ФОТО)

Стандардите и критериумите на убавина се различни на сите краеви на светот, а во номадското племе Водабе, населено во сахарските предели на државата Нигер, жените и девојките ги оценуваат мажите врз основа на нивниот изглед.

Кај племето Водабе акцентот е на убавината.

Ако некогаш сте помислиле дека жените поминуваат премногу време во шминкање и дотерување, размислете уште еднаш. Мажите од племето Водабе се облекуваат, се подготвуваат и се шминкаат повеќе од три часа.

Костимите за специјалното натпреварување во убавина, кое се одржува секоја година, се подготвуваат по 365 дена, а мора да бидат шарени, чисти, убави, со мноштво аксесоари, а од боите најмногу доминираат жолтата и различните нијанси на сина.

Усните и носот кај мажите мора да бидат посебно нагласени, а откако сите процеси ќе завршат, мажите од племето Водабе се спремни за изборот на убавина. Тоа е дел од нивната борбена традиција. Прво парада, танц, пеење во пустината, а сето тоа со цел да ја импресионираат женската популација, која во овој случај е и жири и судија.

 

[foogallery id=”124063″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот