Убавата актерка беше во врска со 16 години постариот колега, а сега го има популарниот Бали бег

Фахрие Евсен и Бурак Озџивит се во брак од 2017 година, а од минатата година го имаат синот Каран. Пред Бурак, актерката беше во љубов со познатиот Озчан Дениз.

Актерката Фахрие Евсен (34) и Бурак Озџивит (35) со улогите кои ги толкуваа во популарните турски серии ги освоија симпатиите кај публиката, но и се вљубија меѓусебно.

Тие деновиве привлекуваат внимание со одморот во Бодрум. Парот ужива во вилата, која ја купија минатата година за околу шест милиони куни.

Instagram

Според локалните турски медиуми, Фахрие и Бурак на одморот уживаат на рибарски брод со шест вработени.

Instagram

Откако парот беше фотографиран од папараците, актерката објави и фотографија со својот син Каран на Инстаграм.

Ајде да изгледаме духовито како твојот татко“, напиша Фахрие во описот.

Бурак стана познат во серијата „Сулејман Величествениот“ како Бали бег, а женскиот пол лудуваше по него. Фахрие ја освои домашната публика во серијалот „Кога лисјата паѓаат“, а таа го запозна нејзиниот сопруг во сетот на серијата „Птицата која пее“. Така ја започнуваат својата врска и подоцна го снимаат филмот „Љубовта личи на тебе“, а тоа е моментот кога јавноста дозна за нивната романса.

Instagram

„Страста се развиваше меѓу нас веднаш по запознавањето, тоа беше посебна енергија. Откако го снимивме филмот заедно, нашите односи станаа посилни и подлабоки”, објасни во една прилика Бурак.

Тие се венчаа во 2017 година во Истанбул по четиригодишна врска, а во 2019 година го добија синот. Покрај актерството, Фахрие е модел и беше заштитно лице на брендот „L’Oreal“.

Актерката е родена во Германија, а во Турција дошла поради понудата за улога во филм.

Instagram

За турската јавност Евсен е позната и по љубовта со уште еден турски актер кој ги освои жените ширум светот, Озчан Дениз (48). Фахрие и Озчан се запознале во серијалот „Судбина“, а заедно поминале пет години. На македонската јавност Дениз и е познат со главната улога во серијата „Истанбулската невеста“.

Озчан Дениз: Instagram

Интересно е што актерката Фахрие и нејзиниот сопруг Бурак се нарекуваат турските Бранџелина, со што привлекуваат големо внимание на јавноста.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот