Фото: Filip Gacevski/FB

Убав гест: Капитените на Вардар купија 150 билети за натпреварот со Црвена Звезда

Екипите на Вардар и Црвена Звезда на 16-ти април (среда) на Арената „Тодор Проески“ ќе се сретнат во хуманитарен натпревар, а сите средства ќе се донираат за настраданите од пожарот во Кочани.

Навивачите покажаа интерес и за овој дуел се продадени над 15.000 билети, а сега убав гест направија тројцката капитени на Вардар: Горан Закариќ, Филип Гачевски и Азер Омерагиќ.

Сите тројца купија по 50 билети, односно вкупно 150 со цел да ја поддржат акцијата за помош на семејствата на настрадаините.

Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот