Уапсено момче кое лажно пријавило бомба во пресрет на самитот Г7

Фото: Архива

Британската полицијата го уапси 20-годишното момче од Фалмут кој лажно пријави бомба близу до просториите каде ќе се одржи самитот на Г7.

Фалмут Хотелот и останатите блиски згради беа евакуирани поради дојава дека има некаков сомнителен пакет во кој би можело да има експлозив, пренесува Би-Би-Си. Преку 100 луѓе беа евакуирани од објектите, додека полицијата ги изтражуваше просториите.

Откако го најдоа пакетот, антиексплозивната единица на Британија го оцени предметот како безбеден, и изјавија дека станува збор за лажна дојава.

Момчето кое се јавило на полицијата е уапсено поради лажна дојава и моментално се наоѓа во притвор.

Претседателот на САД, Џое Бајден е моментално во Велика Британија и престојува во Карбис Беј, што се наоѓа на 40 километри од Фалмут, каде ќе се одржи неговиот состанокот со британскиот премиер Борис Џонсон, на самитот Г7.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот