УАПСЕНИ УБИЈЦИТЕ НА МАЛИОТ САША: Дали синот на политичарот загинал поради матниот бизнис на татко му?

Фото: Фејсбук

Автомобилот во кој беше убиен тригодишниот син на украинскиот политичар и бизнисмен Вјачеслав Соболев припаѓа на компанија за која се води истрага заради сомневање дека финансирала терористи. Полицијата привела две лица заради сомневања дека го извршиле ова страшно злосторство.

Полицијата во Киев привела две лица заради сомневања дека во недела околу 17 часот отвориле оган врз автомобилот „ренџ ровер“ со кој управувал Соболев. Во нападот настрадал неговиот тригодишен син Саша, кој бил погоден од куршум во глава, додека седел покрај мајката на задното седиште. Детето починало на пат кон болницата.

Приведени се момчиња стари околу 20 години, соопштила полицијата. Мотивот за нападот уште не е познат, а деталите ја водат истрагата во повеќе правци. Уште не е познато дали Соболев бил метата. Тоа што е интересно, меѓутоа, е фактот дека автомобилот со кој управувал припаѓал на компанија против која се води истрага заради сомневања дека финансирала терористи во Донбас.

Самиот Соболев во својата имотна карта навел дека рента возило од компанијата „DonukproektNII“, која е регистрирана во Доњецк. Компанијата како што пренесуваат локалните медиуми ја основал самиот Соболев, но во меѓувреме се „повлекол од работата“.

Минатите месеци против оваа компанија се води истрага заради сомневања дека финансирала терористи на територија која не е контролирана од Киев. Самиот Соболев од друга страна тврди дека нема никаква поврзаност со оваа компанија уште од 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот