Уапсени тројцата насилници кои го нападнаа градоначалникот на Арачиново

Уапсени се тројцата насилници кои го нападнаа градоначалникот на Арачиново Ридван Сулејмани, соопшти МВР.

Ибраими беше нападнат претпладнево во канцеларија во општината.

„Денеска (13.09.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново“, велат од полицијата.

Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје, по целосно документирање на настанот, против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот