Уапсен поранешниот љубовник на Јелена Карлеуша, фудбалерот Огњен Врањеш! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Босанскиот фудбалер и првотимец на Андерлехт, Огњен Вранеш е уапасен во Бањалука по тепачкаа за која пишуваа тамошните медиуми.

Инцидентот се случил во саботата, околу четири часот после полноч, а покрај Огњен, уапсен е ѝ неговиот брат Стојан Вранеш, но и Златко Новљанин.

 

View this post on Instagram

 

?⭐️?

A post shared by Ognjen Vranjes (@ognjen_vranjes) on

Осомничените се теретат за кривично дело – нанесување тешки телесни повреди. Тројцата споменати, наводно го нападнале Душан Комљеновиќ и неговата девојка.

На Душан му скршиле заб и се здобил со повреди, кои се карактеризирани како тешки, додека девојка му поминала со лесни повреди.

– Полициските службеници на полициската управа на Бањалука, на 20 јуни оваа година го уапсиле О.В, С.В и З.Н. поради основен сомнеж дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“. Имено, истиот ден околу 3.40 часот наутро, во надлежната полициска станица две особи пријавиле дека физички ги нападнале три непознати личности на плоштадот Крајина во Бањалука – соопштила полицијата.

Инаку, нападнатиот според пишувањата на медиумите, е син на поранешниот директор на Геодетската управа, Милош Комљенвиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот