Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

Уапсен и третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ

Во ефикасна акција на Управата за криминалистичка полиција на Србија вечерва е уапсен и третиот осомничен поврзан со нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

Како што пренесуваат српските медиуми, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, вечерва е уапсен Перица С., а Сенад М. и Марко А. веќе беа уапсени претходните денови.

Се сомнева дека Сенад и Перица биле директни сторители, додека Марко им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за нападот врз Палилула на 20 ноември 2025 година.

Како што наведува Вишото јавно обвинителство во Белград, на 20 ноември 2025 година, Сенад М. и Периќ С. неовластено носеле рачна граната, па стигнале до семејниот дом на повредениот Р.К. во општина Палилула и околу 2:30 часот наутро активирале и фрлиле рачна граната во дворот на семејната куќа. Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите што му припаѓале на семејството на жртвата и друго семејство, а осомничените се вратиле назад кон возилото.

Исто така, на 3 февруари 2026 година, тие без дозвола носеле една рачна граната, па со такси, а потоа и со тротинет стигнале до семејната куќа на Здравко Чолиќ во Савски Венец, каде околу 04:52 часот осомничениот фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека Сенад М. се погрижил никој да не помине и снимал со мобилен телефон. Рачната граната експлодирала, по што осомничените се оддалечиле од местото на настанот.

Полицијата уапси осомничен за фрлената бомба на куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот