Полицијата уапси осомничен за фрлената бомба на куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Српската полиција уапси едно лице за кое постои сомневање дека фрлило бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, додека по уште едно лице се трага, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, а пренесе РТС.
Препорачано
С. М. (1993) се товари за кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, како и за предизвикување општа опасност во соизвршителство. По налог на Вишото јавно обвинителство, му е одреден притвор во траење од 48 часа.
МВР, исто така, наведува дека постои сомневање оти С. М. и уште едно лице по кое се трага, на 3 февруари околу 4.52 часот дошле до семејната куќа на оштетениот на Дедиње, каде што активирале и фрлиле рачна бомба во дворот.
Бомбата била фрлена во дворот на куќата на пејачот. Нема повредени лица, но причинета е материјална штета.
По фрлањето на експлозивната направа врз неговата куќа во Белград, Здравко Чолиќ изјави дека сите членови на неговото семејство се добро и дека тој се наоѓа во Загреб, каде што го довршува новиот албум.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


