Уапсен e 79-годишен скопјанец, недолично допирал девојче од соседството

Скопјанец на 79-годишна возраст синоќа бил уапсен откако малолетно девојче со кое се соседи, го пријавило дека недолично го допирал во неговиот дом, информира МВР.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера, а полицајци од СВР Скопје во 23 часот го уапсиле Д.Д.

„На 07.05.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом допирал по телото негова малолетна сосетка“, информираа од полицијата.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

20-годишна Турчинка е пронајдена мртва во стан во Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот