Уапсен бегалец на преминот „Ќафасан“

Граничен премин Ќафасан / фото: Миа

Граничната полиција од преминот „Ќафасан“ вчера попладне уапсила државјанин на Албанија, извести МВР. Според полицијата, при обид за влез во земјава, уапсен е M.A. (59) кој се барал по распишана меѓународна потерница, распишана од канцеларија на Интерпол во Турција.

Странецот бил уапсен и им бил предаден на полициски службеници од полициската станица во Струга за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот