„Уан Дајрекшн“ ќе настапат на овогодинешното доделување на Британските музички награди во чест на Лијам Пејн
„Уан Дајрекшн“ би можеле повторно да се обединат на сцената за првпат по нивното разделување во 2016 година, поради починатиот пејач Лијам Пејн, кој постхумно ќе биде награден на овогодинешното доделување на Британските музички награди, пишува „Мирор“.
Препорачано
Се планира да му се оддаде специјална почит на пејачот, кој зад себе го остави седумгодишниот син Беар, кој го имаше со поранешната сопруга Шерил. Преостанатите членови на „Уан Дајрекшн“, Зејн Малик, Хари Стајлс, Луис Томлинсон и Ниал Хоран, би можеле повторно да се обединат за да изведат шоу во чест на нивниот починат колега од бендот.
Светските медиуми пишуваат дека членовите на „Уан Дајрекшн“ нема да бидат сами и дека на трибјутот би можеле да учествуваат и други музичари. Бендот има освоено седум БРИТ награди во текот на годините, од неговото основање на шоуто за таленти во 2010 година.
Подготовките сѐ уште се во рана фаза, а деталите сè уште се разработуваат, додека повеќе внимание ќе се посвети на официјалните пристапи во наредните недели. Се планираат комбинација од настапи, фото и видео монтажи и изведби во живо со оркестар.
Лијам Пејн загина трагично на 16 октомври 2024 година, на 31-годишна возраст, откако падна од третиот кат во хотелот CasaSur Palermo во Буенос Аирес.


