У21: Објавен списокот на фудбалерите за квалификациските дуели со Франција и Србија

Добар старт на македонската У21 репрезентација на турнирот во Хрватска/фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2 септември и против Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Новиот предводник на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите за ЕП ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);

Среден ред: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);

Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот